ВМРО-ДПМНЕ: Концептот „Македонија за сите луѓе” значи пораз на криминалот на СДСМ
Концептот “Македонија за сите луѓе” значи пораз на криминалот на СДСМ.
4 години со Македонија управува Заев и луѓето околу него. Тие ги поделија граѓаните на луѓе од прв и луѓе од втор ред. Луѓе од прв ред се Заев и луѓето околу него и тие кои им служат, а луѓе од втор ред се сите други граѓани кои се шиканирани од оваа власт.
4 години Заев е недопрен од судските инстанци. Слушнавме како Бојам Јовановски, кој ја носеше ташната со изрекетирани милиони кажа дека парите завршија кај Зоран и Вице Заеви, како името на Вице исчезнало од пријавата за рекет во РЕК Битола, а истрага ниту за првото, ниту за второто нема.
Нема одговорност ниту за Ден Дончев, Драги Рашковски, и редица други.
Нема одговорност ниту за локалните шерифи на СДСМ.
Концептот ” Македонија за сите луѓе” значи крај за сите криминали, рекетот и корупцијата. Концептот ” Македонија за сите луѓе” значи правна држава, еднаквост пред законите и системот, еднакви можности за сите.
Концептот “Македонија за сите луѓе” има за цел да стави крај на поделбите на Заев и СДСМ, на луѓе од прв и луѓе од втор ред.
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
