ВМРО-ДПМНЕ: Консензус за уставни измени под бугарски диктат не е можен

На почеток од нашиот одговор за интервјуто на Ковачевски добро е да и се објасни на јавноста како е реализирано интервјуто за МИА со Димитар Ковачевски којшто најави дека од 3 август е на одмор во странство во до сега необјавена држава и локација? Дали е однапред направено или истото е направено од плажа, или е напишано на друг начин.
Тоа што е суштинско и што недостасува во ламентирањето на Ковачевски во интервјуто е зошто беше одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за општествен и политички консензус пред да прифати преговарачка рамка со ЕУ со која Бугарија ќе има можност и ќе ја искористи таа можноста да ја блокира Македонија секогаш кога нема да бидат исполнети иредентистичките, антимакедонски диктати од Софија?
Над 80 проценти од граѓаните, јавноста и експертите се против промена на Устав под бугарски диктат.
Ковачевски само за ден повеќе на власт и одржување на коалиција со ДУИ ја доведе Македонија во подредена положба и ја загрози нејзината европска интеграција, уште повеќе нејзината вековна јазична, културна и историска посебност.
Но тоа се прашања за коишто ќе мора да одговори кога ќе се врати од луксузното одморалиште далеку од очите на јавноста, кога ќе се соочи со неизбежноста од одржување предвремени парламентарни избори.
Консензус за уставни измени под бугарски диктат не е можен, единствено можен е консензус за избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Стабилно и потопло време во наредните денови
-

Повеќе од една година на незапирлив раст: Како НАН го трансформираше пазарот за наплата на побарувања во Македонија
-

АХВ: Спорната бебешка храна на HiPP не е увезена во Македонија
-

Сведок на судењето за „Пулс“: Се заглавив меѓу вратите, обезбедувањето ме извлече во последен момент
-

Бројот имигранти во ЕУ достигнал рекордни 64,2 милиони
-

Автобус се преврте на патот кон бугарско-турската граница кај Мало Трново, има загинати и повредени
-

Зголемена стапката на даночно затајување во Грција – на прво место автосервисите
-

Воени планери во Лондон на разговори за мисија во Ормуската Теснина
