ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го навреди народот, за него да се слушне народот на референдум е одење чекор назад
Ковачевски го навреди народот, за него да се слушне народот на референдум е одење чекор назад.
Ковачевски упорно го вреѓа народот и јавно кажува дека не му значи неговото мислење во однос на преговарачката рамка и дека е спремен истата да ја турка на сила по секоја цена.
Ковачевски не сака референдум, затоа што знае дека народот нема да даде поддршка на преговарачката рамка која тој ја турка, а значи бугаризација и асимилација.
Народот мора да има можност да го каже својот став, не може Ковачевски кој нема никаков мандат од народот да носи одлука да ја бугаризира државата и да ја стави во подредена положба.
Ковачевски ги минира македонските позиции. Со рамката ваква каква што е се дава можност Бугарија да ја блокира Македонија секогаш кога историската комисија нема да се согласи по одредени периоди или личности или становишта. Со тоа Бугарија може да ја блокира Македонија се додека не се прифатат нејзините тези за негација на македонскиот јазик и идентитет. Тоа е бугаризацијата која е затскриена зад протоколот.
Ковачевски знае дека народот ги прочитал неговите намери и затоа бега од референдум, на референдум ќе пропаднат сите негови манипулации и народот ќе ја отфрли бугаризацијата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ го повтори достигнувањето на Федерер на Грен слем турнирите
-
Смотрич се закани дека ќе ја собори владата доколку Израел не ја окупира Газа
-
Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода
-
Муртезани во Киев: Северна Македонија поддржува решенија за мир и стабилност преку заеднички напори со стратешките партнери
-
Томче Голабоски го фати светиот крст во водите на Црн Дрим во Струга
-
Наредните денови облачно, од вторник локални врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места
-
Дрога, пари, пиштол, еве што пронајде полицијата кај Раде Штекли | ФОТО
-
Почина 17-годишниот кој се здоби со изгореници од струен удар