ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот не смее да остане неказнет
Во ЕУ нема со Заев, кој преку Панама пере пари со анти ЕУ бизнисменот Дака, а обвинителството спие. Згора на тоа Маричиќ кој треба да се бори против тој криминал вели дека не слушнал за скандалот.
Инвестицијата на Дака е панамска шема за перење на пари во Македонија одобрена од Заев, со кого Дака имал средба како што слушнавме од снимката која ја објавија медиумите, по што дал и 300.000 евра и 2000метри квадратни поткуп за да му се заврши работа. Но и ветување дека откако ќе се заврши работата ќе даде уште 4 милиони евра.
Фирмата на која гласи земјиштето на ШИК Јелак на кое е предвидена изградба на над 2000 станови, и илјадници метри квадратни трговски и деловни објекти е формирана во Панама – Адастра груп корп, а Давидовиќ Дака е нејзин сопственик, а истата во Македонија го купила ШИК Јелак со обврска да ја рестартира фабриката. Што не се случи затоа што Заев ижа друга бизнис шема.
Еден ден по формирањето на владата работата му е завршена. Донесена е измена на ДУП со која на Дака му се овозможува да изгради бетонска џунгла во сред Тетово. На простор на објект, кој истиот го зема со намена да го рестартира како производствен капацитет.
1. Каде завршиле 300.000 евра и 2000 метри квадратни кои Дака вели дека ги дал во снимката?
2. Дали и на кого платил уште 4 милиони евра мито?
3. Колку е оштетен буџетот на Македонија со тоа што Дака купил фабрика со огромно земјиште на кое сега ќе гради згради?
ЈО мора да реагира. Криминалот не смее да остане неказнет.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп