ВМРО-ДПМНЕ: Лаги од СДСМ за наводна грижа за старите лица

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека опозициската СДСМ со лаги сака да прикаже наводна грижа за старите лица, со денешната изјава на Ален Георгиев кој побара одговор дали третиот кат од објектот на ЈЗУ Геронтолошки завод во Ѓорче Петров ќе го даде на стопанисување на приватник.
- СДСМ не знае дека старски дом е социјална форма на згрижување на стари лица, геријатрија е гранка од медицината која е специјализирана за лекување на стари лица, геронтолошки Завод е единствена Јавна здравствена установа во РМ за долготраен престој на стари лица и пациенти на палијативна грижа на кои им е потребна 24 часовна медицинска грижа, а не дом за стари лица. СДСМ да се грижеше кога било за старите лица ќе направеше разлика меѓу овие поими, кои им се непознати и нови. Тоа е како СДСМ да стави знак на равенство меѓу Клиника за педијатрија и Детска градинка, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ наведува дека има донесено стратегија за стари и стратегија за палијативна грижа и прашува што направи СДСМ за тие ранливи категории.
- СДСМ ниту се грижел за старите лица, ниту некогаш преземал една единствена мерка која ќе им го олесни животот. СДСМ единствено на старите лица им ги олеснувал паричниците со пензиите кои им беа исплаќани на рати. СДСМ лаже за висината на цената за престој во ЈЗУ Геронтолочки Завод. Таа е 490 денари дневно, односно месечно максимални 15.000 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека „СДСМ лаже дека нема лекарски кадар во установата“. Од 2007 година досега се реализирани вработувања на 14 доктори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката партија укажува дека Владата извршила комплетно реновирање на болничкиот дел во Геронтолошки завод, инвестиција вредна околу 55 милиони денари и оти за таа установа досега е набавена нова современа опрема во вредност од 27,4 милиони денари. - Оваа Влада покажа реална грижа за старите лица, со реализирање конкретни проекти од кои бенефит имаат токму старите лица. Го воведовме проектот Домашна визита, како широка акција за превентивни здравствени прегледи со цел зголемување на грижата за постарите и изнемоштени лица. Посетите ги изведуваат обучени тимови од патронажната служба од здравствените домови од целата држава, кои вршат мерење крвен притисок, шеќер, холестерол, а воедно даваат совети за поздрав живот. Со оваа акција досега се опфатени над 100.000 лица, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
-

Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени
-

Нето платата во април 48.779 денари
-

Утре нестабилно време, сончев и топол викенд во најава
-

Полицајци од Македонија, Косово, Црна Гора и Италија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона
-

Заврши средбата Гаши-Доцова во Софија: Неопходно е продолжување на дијалогот на парламентарно ниво
-

Претрес во Росоман, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката
