ВМРО-ДПМНЕ : Луѓе умираат, нема болнички кревети, оставка на Филипче е неизбежна
Одликата на владењето на Филипче е јасна, ја направи Македонија гробница, ама време за своите зделки, за тендери, провизии има.
Па така, додека Македонија бележи црни рекорди, Филипче вели се е под контрола.
Се било под контрола, а се моли за болнички кревет, ако има и кислородна поддршка за пациентот тоа е веќе бинго.
А ја нема ни основната алатка за борба против корона, ама како и би ја имало кога Филипче наместо да трча да набави вакцини, вози мотори се релаксира.
Време на пандемија, трет бран, претстои пик на истиот, ама зошто тој би работел кога може да се релаксира.
И секако, лажењето не го заборава.
Само се појавува во јавност со нова лага, и најавува нови термини за вакцини, за старт на вакцинација, за масовна вакцинација, а кои никако да се реализираат.
Зборот на Филипче не вреди. Не сака да каже и кој се е вакциниран, а зошто, ако се е чисто и ако навистина не се вакцинирале функцинонери?!
Зборот на Филипче и на сите други од Владата не поминува.
Единствено нешто што треба да стори е да даде оставка, и секако да одговара!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Претседателот на Владата Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО
-
ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати и од нив активни утрово нема
-
Санкционирани 134 возачи во Скопје
-
Сончево и топло, максималната температура до 38 степени
-
Во Израел денеска е ден на протести, со барање за распишување избори
-
Втор круг од парламентарните избори во Франција, се предвидува релативна победа на десницата
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово