ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Филипче ја има само на листата на починати, но не на онаа кои вакцинираат против корона
Македонија со Филипче ја има само на листата на починати, но не на онаа кои вакцинираат против корона
Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот, Владимир Путин постигнаа иницијален договор за производство на руската вакцина во Србија. Група екссперти следната недела доаѓа в Србија за старт на прозиводство на руската вакцина во Србија. Ова вчера беше вест во светските медиуми.
По број на жители најмногу вакцинирани има во Израел, Велика Британија и САД, а на четврто место на светската листа е Србија.
Македонија ја нема на листите за тоа колку лица се вакцинирани, затоа што нема вакцини, ама ја има на листите за број на заболени и починати. И тука котира високо затоа што има скоро три илјади починати или околу илјада и петстотини починати на милион жители.
Ова е резултат од (нe)работата на Филипче.
Ова е резултат на тоа што Филипче се возеше на КОВАКС механизмот.
Ова е резултат на непреговарањето со прозиводителите на вакцини.
Ова е резултат на бирањето/одбивањето од каде вакцини, а во суштина никој не ги ферма надлежните во Македонија.
За ова одговорност мора да има!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Болоња против Милан за прв куп трофеј од 1974
-
Студенстки штафетен маратон на студенти до Брисел со цел да го привлечат вниманието на европските институции кон ситуацијата во државата
-
Истрага за насилство од 19-годишник во Кисела Вода
-
Лавров: Мировниот договор за Украина сè уште треба да се „дотерува“
-
МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје
-
Зеленски: Русите се обидуваат да ги искористат воздушните напади како параван за копнени напади
-
Мисијата КФОР е проширена со војници од Белгија, Луксембург и Холандија
-
Трамп: Подготвеноста на Русија да не ја освои целосно Украина е „многу голема отстапка“ од Москва