-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: МВР среде криза троши 13 милиони евра за исхрана на фирма блиска до Спасовски
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2023/january/vmro-dpmne-367105.jpg?itok=sM9OrOjJ)
Среде најтешка криза СДС преку МВР троши неверојатни речиси 13 милиони евра на компанија блиска до Спасовски за исхрана на полицијата. Дека СДС и Спасовски се вмешани во уште една матна зделка говори фактот дека оваа набавка е сосема непотребна имајќи го фактот дека МВР располага со свои кујни и тоа со вработени и најсовремена опрема.
Две зделки СДС ги врши со фирма која не само што почнала со финансиска помош од владата на СДС, туку на поставувањето на камен темелникот присуствувал лично Оливер Спасовски.
Истата фирма Индустри сервис блиска до Спасовски ќе доставува храна за полицискиот центар во Ѓорче Петров и Центарот за обука во Идризово, иако и двата имаат современи кујни.
Уште една потврда за крадењето на народните пари е и тоа што Спасовски плаќа по 4,5 милиони евра годишно, а пред овој тендер истата услуга го чинела МВР само 3.3 милиони евра кога самите ја приготвувале храната. Сето тоа им било малку па МВР им признава 15% транспортни трошоци за да биде зделката подебела.
Колку пари се крадат ни кажува и тоа дека со овие договори Индустри сервис станува една од фирмите преку која се одлеваат најмногу буџетски пари од МВР.
Дека тука има голем криминал покажува тоа што Спасовски се сокрил и овие договори ги потпишало друго овластено лице. Сепак, Спасовски нема така лесно да се спаси.
Многу скоро доаѓа крајот на овие милионски криминали кои се прават на грбот на полициските службеници и граѓаните среде огромна финансиска криза кога сите едвај преживуваат. Крајот им е многу блиску, а потоа следи одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активни пожарите кај Свети Николе, Кратово, Пробиштип и Старо Нагоричане
-
Источна Македонија гори - во Пехчево пожарот локализиран, но појавени две нови жаришта
-
Директорката на ИЈЗ се сомнева во саботажа, обвинителство итно отвори предмет
-
ТОАРИЛУЦ прави чести и ненајавени контроли на воздухот во операционите сали
-
„Вреди“ не попушта – паралелна Aлбанска Академија на науки и уметности ќе има
-
Kредитите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат, кажа министерката за финансии