ВМРО-ДПМНЕ на протест, бараат оставки од Заев и Филипче бидејќи сè уште нема вакцини
Со скандирање „Оставка” и „Убијци” опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно излезе на протест пред Министерството за здравство и побара одговорност од надлежните поради лошото справување со здравствената криза. Бараат оставки од премиерот Заев и министерот за здравство Филипче бидејќи сè уште нема вакцини за граѓаните, а земјава е рангирана меѓу тие со најголема смртност од Ковид-19.
Опозицијата смета дека е неодговорно однесувањето на власта што во време на пандемија се организира попис, функционери шетаат на одмор на атрактивни дестинации, а од друга страна нема вакцини ниту за сите здравствени работници. Па, граѓаните се оставени сами да се снаоѓаат за вакцинирање во соседните држави.
На протестот оддадоа и почит со едноминутно молчење за сите загубени животи како последица на Ковид-19. Доколку тие биле на власт, велат, бројот на починати би бил многу помал и тврдат дека веќе би имало најмалку 200.000 вакцини во земјава.
Ова е втор протест на опозицијата пред Министерството за здравство и како што најавија, ќе бидат на истото место и наредните викенди, сè додека одговорните не поднесат оставка.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување
-
Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините
-
Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник
-
Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица