ВМРО-ДПМНЕ: На Скопје му претстои еколошка катастрофа

Шилегов наместо метропола од Скопје прави главна депонија, 200 илјади тони отпад од Струга се потенцијална еколошка катастрофа.
На Скопје му претстои еколошка катастрофа, а Градоначалникот Шилегов ја замајува јавноста со периферни теми.
Јавното Претпријатие Дрисла договори, а Градот Скопје воден од Шилегов молчи за пренесување на Струшката депонија во Скопје. 200 илјади тони отпад во распаѓање ќе биде пренесуван низ Скопските улици и општини со цел да се транспортира во општината Студеничани каде се наоѓа скопската депонија Дрисла. 200 илјади тони отпад се еколошка потенцијална бомба и извор на заразни болести за граѓаите.
Шилегов наместо метропола од Скопје прави главна депонија во државата. Струшката депонија под претпоставка да е стара десетина години значи дека се работи за околу 200 илјади тони отпад. Дополнително во Дрисла се слеваат 150 илјади тони отпад годишно од подрачјето на Скопје и 35 илјади тони отпад од Тетово. Ова е премногу за градот Скопје, под закана се сите општини под градот Скопје.
Петре Шилегов без заобиколување треба да понесе одговорност и да реагира пред да биде предоцна и пред да се случи еколошка катастрофа.
Треба да одговори на прашањата: дали е спремен да превземе одговорност доколу се случи да има појава на заразни болести, чиви бизнис и политички интереси седат зад ваквата операција, дали се работи за политички пазар меѓу коалционите партнери на власт, што е со средствата со кој владата се фалеше дека ќе ја решава струшката депонија, дали бизнисот е повреден од човечкото здравје, и дали вака Шилегов ќе се бори за почист воздух за скопјани?
Според акцискиот план за управување со отпад треба да се направат депонии во секој од осумте плански региони, а не цела Македонија отпадот да го носи во Дрисла.
Ново на Сител
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
