ВМРО-ДПМНЕ: На Жерновски не му се важни граѓаните и нивните проблеми

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски ја заборави својата предизборна програма и ветувањата содржани во неа. Во својот мандат безброј пати покажа и докажа дека не му се важни граѓаните и нивните реални потреби и проблеми. Жерновски ги изневери центарци, изјави денеска претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар и советник во општина Центар Илија Илијовски.
Тој посочи дека додека Жерновски прави прескапи забави и боемски улици, граѓаните немаат училишта, градинки, реновирани и убави улици, паркинг место каде може да се паркираат.
- Во однос на колективното домување, Жерновски ветуваше дека во станбените згради ќе обезбеди редовен преглед и одржување на лифтовите и ќе набави противпожарни апарати во влезовите и надворешно осветлување, но никогаш од ова ништо не беше исполнето. Ветуваше и оформување општински совет за мал бизнис, формирање бизнис центри, оформување микро бизнис инкубатор, рече Илијовски.
Жерновски, како што рече, најавуваше и целосно уредување на дворовите за сите градинки, бесплатна чаша млеко или парче овошје за секој ученик. Додаде дека ветил 20 мини чешми низ цела општина, кои никогаш не биле поставени.
- Жерновски е прв во редот на градоначалниците кои не направиле ништо за својата општина и за своите граѓани и единствено ќе биде запамтен по Боемските улици и скапите диџеи. Граѓаните на општина Центар на следните локални избори ќе стават крај на ваквото расипничко однесување и неодговорно работење на Андреј Жерновски, истакна Илијовски.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
