ВМРО-ДПМНЕ најави акција „Разговори за обнова на Македонија“
ВМРО-ДПМНЕ во период од 27.09.2019 година до 12.12.2019 година ќе ја спроведе акцијата „Разговори за обнова на Македонија“ со која тимови предводени од највисокото раководство на партијата ќе ги посетат сите поголеми населени места во Република Македонија.
Акцијата почнува со посета на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р. Христијан Мицкоски и членот на ИК Ане Лашкоска на Битола, на ден 27.09.2019 година.
Посетите продолжуваат на 28.09.2019 година, кога тим предводен од членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска и Трајко Славевски ќе го посетат Петровец, додека тим предводен од Коце Трајановски ќе биде во посета на Чаир.
Акцијата има цел граѓаните да можат одблиску да ги кажат своите проблеми и потреби, кои подоцна ќе бидат преточени во програмски решенија на партијата.
Република Македонија се наоѓа во тешка ситуација, заглавена во тежок криминал, корупција и рекет. Владеењето на правото е на последно место, а економијата тоне.
Состојбата на апатија и безнадежност мора да заврши. За таа цел се потребни итни предвремени парламентарни избори за пад на СДСМ. По падот на власта на Зоран Заев следува обнова на Македонија, во секоја пора на општеството.
Ново на Сител
-
По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица
-
Раде Штекли повреден по експлозијата на бомба во Керамидница
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено
-
Маж се самоубил пред зградата на Врховниот суд на Бразил
-
За 20% поскапува такси превозот во Скопје?
-
Со „ауди“ превезувал 8 мигранти, уапсен 27 годишен скопјанец за криумчарење мигранти
-
ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на квалитетот на услугата
-
Холандската полиција уапси 281 лице на забранетиот пропалестински протест