ВМРО-ДПМНЕ: Не и се криви анкетите на СДСМ, криво е неспособното и криминално владеење на Заев
Не и се криви анкетите на СДСМ, криво е неспособното и криминално владеење на Заев, народот се одлучи Заев паѓа.
СДСМ е во паника од кревкото мнозинство. Заев знае дека пратениците кои гласаа доверба на влада, нема да го сторат тоа пак.
Испаничен од тоа дека паѓа, уште повеќе се плаши од народот на избори. Заев знае дека губи секаде, тоа не го кажува само една анкета, туку и анкетите кои секојдневно му стигнуваат на биро, и за која ги укорил сите општински организации.
Заев знае дека паѓа, па планот е преку смена на кадри да проба да спаси што може да се спаси.
Заев за лошиот рејтинг на партијата бара вина во секого, само не во себе.
Врие во општинските одбори на СДСМ, и Заев сега тоа сака да го дефокусира со креирање на вештачки проблеми во ВМРО-ДПМНЕ.
Заев кажи колку актуелни градоначалници ти лупнале на маса и ти се заканиле со правење посебни листи, ако не ги кандидираш пак. Кажи за несогласувањата помеѓу двајца од твоите први играчи и за битките во СДСМ кои се кршат на грбот на граѓаните.
Кажи Заев за криминалот, кој и сам знаеш дека веќр неможеш да го криеш и наскоро ќе ти излезе на виделина.
Ново на Сител
-
Од утре дел од образовните асистенти почнуваат со работа
-
Игротеките и училиштата ризик за ширење на заразни заболувања помеѓу децата
-
СДСМ: Мицкоски понуди платформа што самиот не ја почитува
-
ВМРО-ДПМНЕ повика ДКСК и ЈО да го проверат имотот на Филипче
-
ДЗС остана само со еден функционален „Ер трактор“
-
Не се знае кога ќе се делат ваучерите за инвертери
-
Протекува кровот на штипскиот Народен театар, а недостасува и технички кадар
-
Преглед на вести од светот