-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Не сме среќни што државата се става во контекст на меѓусебното ривалство на големите сили
-->
Се чини дека дозата на мешање на одредени надворешни фактори во внатрешната политика на Македонија се повеќе се крши на грбот на македонските граѓани. Во моменти кога има официјални реакции на некоректното однесување на поединечни амбасадори во внатрешната политика на државата, тоа големите сили го користат за свои интереси, па така руското МНР побрза да пушти соопштение во кое се насетува дека постои интерес од руска страна да се искористи ваквата ситуација за геополитичко позицинирање.
За таквото влијание пишува и српски Данас, со наслов : „Кој веќе не се меша во Македонија“, објаснувајќи дека реакцијата за непримерното однесување и преголемо мешање на американскиот амбасадор побрза да ја искористи руското МНР со свое соопштение во кое ги коментира внатрешните односи на државата. Згора на тоа забележливо е влијанието на Соросовите структури и организации кои пак на глобално ниво се во отворена конфронтација со американската администрација во доаѓање на Доналд Трамп.
„ВМРО-ДПМНЕ не е среќна што Република Македонија се става во контекст на меѓусебното ривалство на големите сили. Нашата стратешка цел продолжува да биде членството во Европската унија и НАТО. Секој чекор со кој што може да се помогне во остварувањето на таа цел е добродојден и значаен“, изјави Иво Котевски, директор на прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи го соопштението на руското МНР.
Мешањето на големите сили во внатрешните работи на балканските земји, за жал, не е само македонски, туку регионален проблем. Српскиот премиер Вучиќ им порача на амбасадорите дека нема да ги слуша и нема да дозволи тие да се мешаат и да одлучуваат за распоредувањето на српска војска во Косово.
Сличен скандал ја потресе и Албанија. Главниот обвинител на Албанија, Адријатик Љала, гостувајќи во емисијата „Опињон“ изјави дека значајни странски амбасадори во Албанија бареле од него да апси високи фукционери во земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Сиљановска Давкова-Де Кро: Белгија со поддршка за македонските евроинтеграции
-
Пожар во скопската населба Бутел 1, запален кров на барака
-
Десетици вооружени хулигани запалија трамвај во Амстердам
-
На Попова Шапка најстудено - 5 степени, во Гевгелија најтопло со измерени 7
-
Без вода корисниците на улиците „Финска“ и „Христо Татарчев“
-
Собранието ќе ја започне 19. седница, ќе се гласа за доекипирање на ДИК
-
Суд во Рим повторно нареди враќање на мигранти од Албанија во Италија
-
Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија