ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната влада на Заев се скара со сите соседи, одлуката на Рама шамар за Заев и Спасовски
Одлуката на Еди Рама за отворање на границите само за дел од граѓаните кои се со албанско потекло е уште еден шамар за владата на Спасовски и Заев, и огромен неуспех за умислениот прв човек на дипломатијата Димитров.
Ова е нов пораз на владата на Заев затоа што одлуката е дискриминаторска и навредлива.
За само неколку месеци неспособната владата на Заев влезе во нетрпеливост и создава проблеми со сите соседи. Освен договорот со Грција, се случи блокада на интеграциите од Бугарија, Пендаровски доби врел шамар од Белград поради мешањето во внатрешните работи и преговори помеѓу Приштина и Белград, а еве сега нов пораз и од Албанија.
Оттука прашуваме некадарната дипломатија на Димитров и неспособната влада на Заев на кој начин реагираа на одлуката на Албанија, превземаа ли нешто или и овој пат ќе си премолчат за овој нов пораз?
За неколку месеци неколку порази и отворени прашања со соседите е резултатот на неспособноста на Заев и владата во заминување.
Ново на Сител
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
