ВМРО-ДПМНЕ: Ништо од ветениот „живот за сите“
Додека од СДСМ се трудат да ја убедат јавноста за тоа колку им се успешни економските проекти, граѓаните ја кажуваат вистинската реалност, ветениот „живот за сите“ не го живеат.
Секојдневно продолжува акцијата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ „Пратениците со народот“, со која може да се слушне вистинскиот глас на народот низ населените места низ Македонија.
Пратеничката Ангелина Петкова ги посети населените места Фурка, Црничани и Ѓопчели во кои граѓаните забележаа дека се разочарани од ниските откупни цени на грозјето и се уште неисплатените субвенции од страна на Владата.
-Луѓето си ги искажаа проблемите што ги мачат и нереализираните ветувања како од локалната така и од централната власт. Разочарани од ниските откупни цени на грозјето и се уште неисплатени субвенции. Ништо од ветениот „живот за сите“, вели пратеничката Петкова.
Пратеничката Даниела Христова од Македонска Каменица с. Моштица вели дека народот заслужува да биде сослушан и неговите предлози, сугестии ,па и критики треба да се земат во предвид во секое време.
Пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска ги посети населените места Беловиште и Вратница, за кои вели дека ниту има добри патишта, а во некои делови нема ниту струја, како и дека нема никакви инвестиции од локалната власт да направат барем една детска градинка.
-Нема инвестиции од локалната власт, а за централната не станува ни збор. Нема детска градинка, нема струја и вода во некои делови, нема добри патишта кои би ги поврзале директно со Скопје и со Желино, вели таа.
Стојаноска посочи дека жителите се загрижени од она што се подготвува во Собрание, а моментално и најмногу од ПЗ за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк.
-Велат дека никој од власта не ги прашал, распрашал, ниту сослушал за нивно мислење. Сепак, се работи и за нивни имоти кои е планирано да граничат или да влезат во мапата на идниот Национален парк. Треба некој да им објасни што и како планира, а не прво да се донесе закон, па потоа истиот да се допрецизира и објаснува на локалното и засегнатото население, пренесе Стојаноска.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен