ВМРО-ДПМНЕ: Нормално дека Шилегов е фаворит на Заев, криминалец и мрзелив како него
Не сме изненадени што Шилегов е фаворит на Заев за Скопје, зарем чесен и работлив ќе биде? - Нормално криминалец и мрзелив како Заев.
Петре Шилегов 4 години со прст не мрдна за Скопје. Никаде ги нема тунелот под Кале, продолжувањето на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров, сообраќајниците на повеќе нивоа, зелените кровови на сите јавни институции и приватни згради.
Шилегов во овие четири години покажа дека го разбира моделот "евро за Вицето, евро за црквата". Набавката на противпожарно возило со скала за 1.7 милиони евра, што е двојнк поскапо од исто такво набавено од град Загреб е апсолутен доказ за тоа.
Можеби оваа набавка беше пресудна за Заев тој да се одлучи дека Шилегов е негов фаворит. Впрочем ова е слика и прилика за тоа како работи СДСМ.
Во последните четири години од управувањето на град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, засадени се 256.000 листопадни дрвја и зимзелени садници, а подигнати се 330.000 квадратни метри нови зелени површини. Сега Шилегов се фали дека посадил 11.500 садници.
4 години само криминал, корупција и провизии.
4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна може да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена
-
Еврокомисијата предлага фонд од 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната
-
Апелација ја објави пресудата за Боки 13
-
Њујорк Тајмс: Трамп не ја гледа Украина како сојузник, туку исклучиво преку економски интерес
-
Флик е против враќањето на Нејмар во Барселона
-
Приведен 42 годишник од Чегране, бил баран по потерница
-
Одложен натпреварот Виљареал – Еспањол поради опасност од поплави на стадионот
-
Бузалковски првиот Македонец кој ќе оди на 24 часа Ле Ман