ВМРО-ДПМНЕ: Нов Kлинички центар е потребен и ќе има

Нов Kлинички центар е потребен и ќе има, ама Венко Филипче и Зоран Заев тоа нема да го прават на грбот на граѓаните, нема да го пљачкаат народот.
ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но само со изготвен проект кој ќе биде основа за заем, а не како што сега Филипче сака на основа на стара физибилити студија од 35 страни да земе повеќе од 500 милиони евра заем.
Филипче не смее да бара пари за фиктивен проект, а кои ќе ги враќаат граѓаните.
На срамното однесување на Филипче и Заев нема крај.
Филипче и Заев сакаа да земат пари и од набавката на вакцини.
Повторно зделка на грбот на народот, зделка за која граѓаните плаќаат со своите животи.
Тие со леснотија уплатиле аванс од 7,8 милиони евра на фиктивната фирма од Хонг Конг. За ова велат сакавме да набавиме вакцини?! Какви вакцини мислеле да набавуваат и тоа преку фиктивна фирма?!
Јасна е нивната намера, да земат провизија. За ова ќе одговараат!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
