ВМРО-ДПМНЕ: Новата влада го руши здравствениот систем
ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека смената на директорите на клиниките е направена без вредносни критериуми и аргументи.
- Министерот за здравство денес без срам најавува не 33, туку 50 директори на здравствени установи дека ќе бидат заменети и со тоа е доведена во прашање функционалноста и здравствената услуга на голем број здравствени установи ширум државата. Оваа одлука на министерот е само уште една потврда дека новата влада нема намера да го унапредува здравствениот систем, туку напротив го руши, истакна денеска на прес-конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа потенцира дека поради тоа ни се случуваат епидемии од најслаб облик од кои, како што рече, имаме две човечки жртви и десетици хоспитализирани граѓани.
- Многу сериозно предупредуваме дека ваквата масовна, неоправдана и незаконска смена на директори на клиники е направена без вредносни критериуми и аргументи, само како резултат на реваншизам и намера за партизирање. Предупредуваме дека овој масакар во здравството неминовно, но, за жал, сигурно ќе доведе до сериозни последици по здравјето и интересите на граѓаните. Впрочем како поинаку да се толкува фактот што се менуваат професионалци и докажани кадри како што е директорот на Клиниката за кардиологија Сашко Кедев, рече Андоновска.
Секоја погрешна политика која сега ја презема министерот за здравство и владата на СДС, како што рече, ќе има последици во наредниот период и особено на штета на граѓаните.
Според ВМРО-ДПМНЕ, поради непрофесионалноста, неодговорноста и негрижата на власта на СДСМ и министерот за здравство, постои сериозна опасност ситуации со епидемијата во Симница, Гостиварско да се повторуваат со уште поголеми жртви и штети.
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка