ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност за случајот со Еуростандард банка

Криминалниот октопод со Штедилницата ТАТ од Битола, доби нова современа верзија со пропаѓањето на Еуростандард банка.
Новиот криминален октопод во Македонија со Еуростандард банка не добива разрешница. Тоа е така бидејќи високи поранешни, но и сегашни функционери од антимакедонската СДС се вмешани во овој огромен криминал.
И овој случај со Еуростандард банка како тој за ТАТ се случува во време кога на власт е антимакедонската СДС, како и тогаш така и сега вмешани се високи функционери од СДС.
Власта предводена од антимакедонската СДС јавно да објави кои струмички фирми се вмешани во овој криминал?
Исто така да одговори како овие фирми, блиски до најбогатото семејство во Струмица, а и Македонија, Заеви, добивале кредити од банката без покритие и истите не ги враќале?
Јавноста очекува одговор како овие фирми биле повластени со тоа што не ги враќале парите и сето ова било премолчувано, дали бидејќи се поврзувани со фамилијата Заеви и истите биле заштитени во криминалот кој го правеле.
Илјадници штедачи се измамени и истите се уште чекаат разрешница за да бидат обештетени. Човечки судбини се во прашање и за овој криминал не смее власта предводена од антимакедонската СДС да молчи.
Одговорност мора да има за овој огромен криминал и клопчето мора да биде размотано до крај.
Ново на Сител
-

Јаневска: Испративме допис до училиштата на големите и малите одмори да има дежурен наставник
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово
-

Кривична за четири малолетнички за ученичкото насилството Ѓорче Петров, пријави ќе добијат и нивните родители
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
-

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев
-

Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем
