ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за одземање на пасошите не е балансирана

ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека одлуката на Апелацискиот суд Скопје за одземање на пасошите на обвинетите во случаите на СЈО не е балансирана, туку на штета на ВМРО-ДПМНЕ и луѓето кои се цел на политички прогон.
Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека има двојни аршини при одлучувањето, посочувајќи притоа дека на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ им се одземаат пасоши, додека на лидерот на СДСМ за случајот поткуп не му е одземен пасошот.
- Ако постоеше правото и правдата немаше суд кој би му го вратил пасошот на Заев за дело како поткуп од 100.000 евра. Затоа овој суд сега треба да одговори, по кој основ на ваков човек му беше вратен пасошот, изјави Ѓорѓиевски.
Тој обвини дека лидерот на СДСМ врши притисок врз судството за да се спаси себеси од, како што рече, криминалите што ги направил.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно пратеничко прашање од СДСМ за случајот Груби
-

СДСМ: Српски служби во случајот Груби
-

Кочани на достоинствен начин ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“
-

Во Центарот за нега при Црвениот крст има десетина негуватели и 15-тина лични асистенти
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
