ВМРО-ДПМНЕ: Општините исклучени од „Нов културен бран“
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски донел одлука со која во манифестацијата „Нов културен бран“ се овозможува невладини организации и чадор организации да конкурираат за средства, а истовремено ги исклучи општините од можноста да организираат вакви настани потпомогнати од централната власт, изјави денеска пред Министерство за култура, Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.
- Очигледно целта е јасна. Со ваков конкурс со кој невладини организации и чадор организации може да добиваат средства ќе се врши брутална исплата на народни пари на учесниците на платеничката шарена револуција. Скандалозно е што општините нема да имаат никаква можност да понудат проект и да добијат средства со кои ќе организираат културна манифестација за своите жители. Таа ексклузивна можност ќе ја имаат невладини и чадор организации, а не од народот избраната локална самоуправа која најдобро ја познава потребата и афинитетите на народот, изјави Атанасов.
Оттука, продолжи тој, уште еднаш се потврдува намерата на власта, дел од своите наводно невладини организации кои не ги вдоми по институции да ги плаќа со народни пари.
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада