Македонија
26. January 2019 - 15:01

ВМРО-ДПМНЕ: Плата од 500 евра нема, како што нема почист воздух

Плата од 500 евра нема, како што нема почист воздух, Заев ги повторува истите лаги, народот повеќе не му верува.

Зоран Заев и СДСМ имаа две години да направат нешто за Македонија, наместо да се посветат на економијата и создавање на подобар животен стандард за граѓаните, власта се насочи кон распродавање на државните и националните интереси.

Зоран Заев го нанесе најголемиот национален пораз на државата, неколкукратно го погази уставот, законите и процедурите, при носење на законот за двојазичност, а ги погази граѓаните при промената на името.

Зоран Заев и покрај општото фијаско во економијата продолжува да лаже.

Заев вети просечна плата од 500 евра уште пред две години и не го реализира. Просечна плата од 500 евра со СДСМ нема да има, исто како што нема почист воздух. Повратот на 15% на ДДВ Заев го најави уште пред две години и не го реализира, но тоа не го спречува безсрамно пак да го ветува. Заев ги повторува истите лаги кои ги кажуваше пред две години, но сега народот веќе знае дека Заев нема да постигне ништо.

Заев зборува за економија, откако економијата ја урниса. Две години државата тапка во место, минатата година СДСМ реализираше само 65 % од предвидените капитални инвестиции, што е срам за државата и показател за неработа и неспособност.

Заев вети 600 километри нов автопат, 500 километри магистрални патишта и 1200 километри локални патишта, ништо од тоа не ни започна да гради, две години имаше застој, за сега да продолжи со довршување на проектите, кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна.

Странските инвестиции со кои Заев сега се фали се донесени од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ, која со поволните економски мерки и политики, создаде од земјата посакувано место за инвестирање, оваа власт наместо да продолжи таму каде што ВМРО-ДПМНЕ  застана, таа почна со покачување на даноците и зголемување на сите давачки, само за да има повеќе пари за договори во четири очи и милионски тендери со фирми формирани непосредно пред да биде распишан огласот.

На  граѓаните им е преку глава од лагите на Заев и СДСМ, тие имаа две години да направат нешто за државата и не направија ништо, донесоа само црнила и создадоа хао. Заев и СДСМ мора да си заминат. Државата мора да тргне напред.