Македонија
30. April 2018 - 19:06

ВМРО-ДПМНЕ: Поголем доказ од снимката дека Заев зема мито нема

Зоран Заев е единствен премиер во Европа, против кого се води постапка за земање мито. Заев е фатен флагрантно како бара поткуп, ова преку соопштение денеска го потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поголем доказ од снимката на која се гледа Заев, како дрско бара 200.000 евра мито нема. Јавноста го слушна Заев како без срамно кажува дека земањето мито за легализација на земјиште е пракса во Струмица, и дека многу луѓе за да легализираат требале да платат. Заев прави пародија од судот и правосудните органи, со години го влече процесот против него. Првин му се закануваше на  судот, а сега од позиција на власт, рочиштата против него се закажуваат со временска дистанца од по месец дена, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велад дека правната држава и владеењето на правото се уриваат токму од Зорана  Заев, човекот на врвот на криминалниот картел кој ја зароби државата, и ја претвори во сервисен центар на фирмите на  картелот.

-Заев и криминалниот картел кој го води, го префрлија криминогениот начин на  работа, од Струмица, во Скопје. Целата држава почна да функционира по методот едно евро за Вицето. Државата е заробена, а институциите се злоупотребуваат. Правото не се применува, а граѓаните се жртва на картелот. Овој хаос мора да запре. Република Македонија не може да продолжи со овој криминоген картел. Државата заслужува подобро. Граѓаните  заслужуваат подобро, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.