ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон во Македонија ја достигнува својата кулминиција

211-те години затвор досудени во политички монтираниот случај за 27-ми април ги погребаа правото и правдата.
Политичкиот прогон во Македонија ја достигнува својата кулминиција. Од ден во ден е се поголем бројот на жртвите на заевизмот, на политичкиот прогон и тортурата на власта врз политичките неистомисленици.
Македонија е заробена држава, во која е укинато владеењето на правото, Кацарска судството суди како што Заев наложува, а Рускоска обвинителството монтира политички случаи за политичките противници на Заев. Тие се олицетворение на заевизмот, систем во кој правото и правдината се само мисловни именки.
16-те драконски казни за обвинетите во политичката монтировка наречена 27-ми април е доказ за стравот кој владее на Бихаќка, стравот на Зоран Заев од гневот на граѓаните, стравот од изборен пораз кој е се по извесен. Политичкиот прогон е само уште еден очаен обид на аболицираниот Заев да ја задржи власта и да продолжи со своето криминално владеење.
Крајот на политичка кариера на Заев е блиску. Тој избега од предвремени парламентарни избори, но волјата на граѓаните ќе победи на претседателските избори. Зоран Заев нема повторно да ги излаже граѓаните, а Пендаровски е само опачина на на неговиот лик и уште еден синоним за Заевизмот. 21-ви април ќе го означи почетокот на крајот на одродената и криминална власт превдодена од аболицираниот Заев и враќањето на правото и правдината во Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
-

Уапсен гостиварчанец, возел со 3,05 промили алкохол во крвта
-

На Инфективна починал 69-годишен пациент поради компликации од грип
-

Во Србија разгледуваат скратување на училишниот час на 30 минути поради намалено внимание на децата
-

Холандија предупредува: Царините на Трамп за Гренланд би можеле да го распаднат НАТО
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан против Португалија
-

АХВ со вонредни контроли во маркети и хипермаркети
-

Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три затвори, држат 46 лица како заложници
