ВМРО-ДПМНЕ: Правосудните органи да се ослободат од стегите и притисокот

Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, пратениците и сите останати кои се неправедно притворени за настаните од 27-ми април, се терористи колку што се терористи македонските иселеници кои вчера протестираа низ Европа и светот. Ниедна демократска земја не се дрзна да ги обвини за тероризам само заради протест во кој гласно го изразуваат своето несогласување со разнебитувањето на Македонија. Притворените не се терористи туку патриоти чиј единствен грев е што ја сакаат Република Македонија.
Република Македонија е узурпирана држава каде е укинато владеење на правото.
Невини луѓе, без никаква правна основа, политички се држат во притвор, додека владините претставници лицитираат со македонската историја и иднина. Органите на прогонот се користат за монтирање на судски случаи и пресметка со сопствените граѓани кои мислат поинаку од власта.
Судот е најдиректен и најодговорен учесник во продлабочување на кризата која е поттикната од катастрофалните политики од страна на владата на СДСМ. Судот има обврска да ја гарантира законитоста и да биде чувар на демократијата. Токму затоа треба итно и неодложно да ги пушти од притвор Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски и останатите чија единствена вина е љубовта кон државата.
Правосудните органи мора да се ослободат од стегите и притисокот, своите одлуки да ги донесуваат согласно позитивните законски норми и доказите. Независното судство е право на граѓаните, кое не смее да им биде
скратено. Државата има потреба од силни и независни институции - кои ќе ги штитат граѓаните и нивните права. Демократијата и правната држава се право на граѓаните и тоа не смее да им биде скратено. Република Македонија итно мора да тргне по патот на демократијата и никој не смее да биде пречка на тој пат.
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ на протест – граѓаните бараат Министерството да не и даде нова лиценца на компанијата
-

Тема на денот со проф. д-р Константин Димитров
-

Протестен марш ,,Стоп за Усје‘‘ против аерозагадувањето
-

Повеќе пари за инвестиции, земјоделие, образование: Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-

Мицкоски: Дипломатската нота за патувањето на моето семејство ги радикализира односите со Софија
-

Пазарна ќе ги споредува цените во целиот синџир на снабдување за да утврди од каде доаѓа поскапувањето
-

Судот во Стразбур: Државата имала право да ги поништи аболициите на Иванов
-

Амандманската расправа за правична застапеност ги судри албанските партии
