ВМРО-ДПМНЕ предлага измени и дополнувања за Законот за извршување

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени и дополнувања на Законот за извршување со кои, како што соопштија денеска пратениците Илија Димовски и Панчо Минов, ќе им се излезе во пресрет на многу граѓани.
Со предлогот се бара, посочи Минов, казнената камата за должниците за струја, вода, телефон, да се зголеми до висината на главниот долг и тоа да важи повратно за сите постапки што се во тек и во иднина, но и да се намалат превисоките трошоци за извршување во комуналната сфера.
Исто така, се предлага, прецизирање на одредбите вон судската наплата на комуналните долгови.
- Предлагаме со овој закон да постигнеме прецизирање на одредбите вон судската наплата на комуналните долгови, таа да биде обврзна, а не како во постојниот закон сега, условена од бројот на фактурите и нивниот износ. Тоа ќе значи избегнување на превисоките трошоци за адвокатите, нотарите и извршителите, истакна Минов во Собранието на Република Македонија.
Тој изрази надеж дека ваквото решение ќе наиде на одобрување кај голем број граѓани.
- Ја прошируваме сферата на таканаречените сродни дејности, а тоа се долгови по основ на наводнување и сметаме дека со тоа што беше наше ветување, она што е во определба во програмата на Коалицијата „За подобра Македонија“, за намалување прво на овластувањата, потоа и за намалување на трошоците за извршување, ќе ја постигнеме целта, потенцира Минов.
Димовски, пак, подвлече дека овој закон не е никако поврзан со интересите или потребите на политичките партии, туку е директно насочен кон интересите или потребите на една поголема категорија граѓани во Македонија.
- Навистина имаме намера да бидеме активни и ова е веќе шести закон за само триесетина дена поднесен од пратениците на коалицијата „За подобра Македонија“ и имаме намера така да продолжиме во следниот период, рече Димовски.
Ново на Сител
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
-

Сончево и посвежо, долж Повардарието повремено засилен ветер до над 50 км/час
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
