Македонија
7. September 2021 - 9:11

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на БДП од 13 проценти нема да го надомести падот од минатата година

Според последните податоци за БДП за второ тримесечје 2021 година, ако имаме среќа до крајот на годината бруто – домашниот производ ќе се врати на нивото од 2019 година. За жал, растот кој денеска беше гордо објавен, дури и пред календарски утврдениот термин на Статистика, не го надоместува падот од минатата година од 15%.

Исто така, покрај тоа што растот во второто тримесечје не го надоместува падот од 15% од минатата година, треба да се има предвид и дека во првото тримесечје падот на БДП изнесува -1,9%.

Истовремено, високофрекфентните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустријата има проблем со опоравување, имено заклучно јули растот на индустријата е околу 5% споредбено со вртоглавиот пад од лани од околу 14%. Истовремено, индустријата продолжува да отпушта работници, според последните објави на Државната статистика.

Згодно за власта, Државниот завод за статистика побрза неколку дена предвреме да ја објави и стапката на активно население, по што проследија неколку објави и прес-конференции од власта, а денешната предвремена објава од „успехот“ за БДП се совпадна со конференцијата на Бесими.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ