Македонија
6. July 2021 - 8:56

ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ се црвените линии со кој се штити идентитетот

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да обединува и да ја води Македонија во насока на национално единство и просперитет. Резолуцијата која ја предложивме, а е плод на заедничките ставови на МАНУ, УКИМ и МПЦ – ОА ќе ги заштити националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси.

Оваа Резолуција го отсликува ставот на народот.

Позитивно е што голем број парламентарни партии се спремни да ја поддржат Резолуцијата и со тоа да се изгради национален став и стратегија.
Македонскиот јазик, идентитет и историја и национална посебност не смеат да бидат дел од никакви преговори.

Се надеваме дека СДСМ ќе останат доследни на вчера кажаното и ќе ја поддржат Резолуцијата, без низ собраниски процедури да се обидуваат да ја закочат и опструираат.

Време е Македонија да престане со лошата пазарџиска дипломатија. Време е за стабилност во надворешната политика. Време е за Македонија за сите луѓе! 

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ