Македонија
20. November 2017 - 10:48

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лажно ветуваше пред избори, а сега ги скрати парите за градба на студентски домови

СДС лажно ветуваше пред избори, а сега ги скрати парите за градба на студентски домови.

Со најновиот шверцерски донесен ребаланс на антиреформската влада на Заев се скратија 55 милиони денари или скоро 1 милион евра средства предвидени за изградба на студентски домови. Ова доволно говори колку им се приоритет студентите и нивниот стандард на СДС.

Заев, Богоев, Атанасов, Туфеџиќ и сите останати лицемери во СДС ветуваа подобри услови за студентите и изградба на модерен студентски град во Скопје со фитнес сали, библиотеки, читални, кино сали, ресторани, па дури и нови студенстки домови во Битола Штип и Тетово.

Да биде трагедијата поголема тие само во Штип ветуваа студенстки кампус за сместување до 300 легла и тоа до крајот на 2017 година.

Наместо нов студенстки дом до крајот на 2017 година, како што ветуваа лицемерите од СДС тие ќе ги скратат и постоечките пари кои се предвидени за реновирање и поправка на постоечките сместувачки капацитети.

Студентите како и останатите граѓани беа излажани. Неодговорната власт на Заев и СДС се задолжува и троши стотици милиони евра, а и тие средства кои беа наменети за студентите сега се пренаменуваат за други цели.