Македонија
8. May 2017 - 9:26

ВМРО-ДПМНЕ: СДС работи спротивно на волјата на народот

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека спротивно од волјата на народот, Уставот, законите и Деловникот, СДСМ се обидела нелегално да избере претседател на Собрание на Република Македонија.

- Нелегалниот претседател на Собранието уште првиот работен ден во неговиот кабинет постави албанско знаме и кабинетот го претвори во штаб на неговата партија. Нелегалниот претседател на Собранието најави дека седниците ќе ги води на албански јазик, со тоа што Собранието на Република Македонија ќе стане трет парламент во регионот каде седниците ќе се водат на албански јазик, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сето ова, велат од партијата, е надвор од Охридскиот Рамковен договор каде што, како што додаваат, јасно се наведува дека пратениците можат да се обраќаат на својот мајчин јазик, доколку истиот го говорат над 20 проценти од населението бидејќи тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција на претседател на Собрание и во име на институцијата која што ја претставува и затоа единствен службен и официјален јазик е македонски.

- Молкот на СДС е доказ дека започнува реализацијата на неуставната тиранска платформа. Оваа платформа започна да се реализира иако народот е против неа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Ново на Сител