ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ единствена партија водена од претседател аболициран за криминал
Во моментов во Република Македонија единствен политичар кој е аболиран е Зоран Заев, а СДСМ е единствената партија водена од претседател аболициран за криминал, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.
Според ВМРО-ДПМНЕ, вчера Основниот суд Скопје 1 потврдил дека Зоран Заев и неговите блиски обвинети во Пуч, како што наведуваат во реакцијата, „повторно биле привилегирани и први целосно ја искористиле аболицијата од претседателот Иванов“.
- Основниот суд потврди дека Заев и останатите обвинети за незаконското прислушување добиле решенија дека е постапено по одлуката на Иванов и дека се аболирани. Си ги земале решенијата и си молчеле. Ајде што молчеле со решенијата во рака од судот за запирање на нивните постапки, туку сега уште почнаа во нивниот стил “лоповот вика фатете го лоповот” да прозиваат зошто одбраната на другите прашала какви решенија донел СЈО по одлуката на Иванов. Значи толку многу да се нема срам, ретко се случува низ светот, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Вистината е, нагласува партијата во реакцијата, дека одбраната на останатите кои беа аболирани од страна на претседателот Иванов, според изјавата на адвокатскиот тим, не побарале решение за прекин на постапките, туку да им се достави копија од актот, односно да бидат информирани како СЈО постапило во предметите.
- На крај останува болната вистина дека Зоран Заев во моментов е единствениот политичар кој е изземен од одговорност за криминал тежок осум милиони евра, а СДСМ единствената партија која е водена од политичар аболиран за тежок криминал, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката