ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Димовски го признаа прислушувањето

Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и поранешниот нивен директор на АНБ, Виктор Димовски признаат дека имало следење и прислушкување на неистомислениците, критички кон нив настроените новинари, јавни личности, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално.
Во обид да се извлече од целата ситуација откако СДС потврди дека имало прислушкување, Димовски призна дека во период на изборни циклуси во државата процениле дека било неопходно да се следи ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот Мицкоски, како тогашна опозиција.
Која безбедносна закана би биле партиските активности на партијата во пресрет на тогаш локални и парламентарни избори, освен закана СДС да си замине од власт.
Ова нивно признавање за петгодишно следење и прислушкување на претседателот Мицкоски значи дека не само тој, туку и неговото семејство биле предмет на следење на тајните служби.
Овие безбедносни служби, наместо да се грижат за безбедноста и да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, тие биле маша за политичка борба и притисок на СДС, а главен извршител бил Виктор Димовски.
Виктор Димовски многу добро знае што правел, и какви кривично правни последици има тоа и токму затоа треба јавно да признае што и по чија наредба од врвот на политиката правел.
Ова следење и прислушкување не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев, затоа што во целиот систем бил вклучен и Љупчо Коцевски од ЈО, кој подоцна токму СДС го избира за државен јавен обвинител, како и Врховниот суд.
Овој скандал на злоупотреба на безбедносните служби во политички цели, не смее да остане несанкциониран и одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Две убиства и обид за убиство: Се проширува истрагата за 25-годишниот убиец од Малотино
-

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер
-

Малолетник без возачка управувал „мерцедес“ во Струга, возилото одземено
-

Сончево и релативно топло време, во четврток локални врнежи од дожд
-

Во среда почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој поради љубомора уби 79 годишна жена
-

Во Европа раст на цената на гасот за повеќе од 20 отсто
-

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување
-

Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади
