ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја приватизираше државата

СДС ја приватизираше државата.
Одлуката на владата за ослободување од царина за увоз на електрични литиум - јонски акумулатори е наменска и служи единствено за задоволување на бизнис потребите на Кочо Анѓушев.
Фирмата на Анѓушев е единствена фирма која користи ваков тип на акумулатори. Ова е одлука за богатење на хунтата на СДС. Значи СДС донесе одлука да го полни буџетот од граѓаните преку зголемена акциза за нафта, но да го празни преку ослободување од царина на производ кој го прават фирмите на Анѓушев.
Фирмата на Анѓушев ги користи овие акумулатори за вградување во специјалните моторни возила за чистење на улици и патишта. Имено како што објавија медиумите фирмата на Анѓушев добила нарачка за производство на 35 вакви возила, па одлуката на владата оди во пресрет на зголемување на профитот на мултимилионерот Анѓушев.
Скандалозно е што владата наместо да работи за граѓаните работи за зголемување на профитот на Кочо Анѓушев. Владата на СДС се стави целосно на располагање на бизнис клановите блиски до власта кои што го цицаат и последниот денар од народот за зголемување на својот профит.
Срамно е што владата ги троши парите на граѓаните за финансирање на бизнисите на Кочо Анѓушев и милионерите блиски до власта, а од друга страна покачува даноци и неосновано се задолжува.
Граѓаните не се робови на СДС па од нивните пари да ги полнат џебовите на Анѓушев.
Ново на Сител
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
-

Штип ги стипендира најуспешните млади ученици спортисти
-

Охрид и Струга со потенцијал за конгресен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
