ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчеле за Лотарија за да останат на власт

Од владејчката ВМРО-ДПМНЕ велат дека не станува збор за неуставна резолуција и дека во СДСМ станале жртви на сопствената пропаганда. Тие и утрово прашаа дали го штителе криминалот во Лотарија за да останат на власт.
„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами, а под покровителство на Груби тоа го потврди и извештајот на ДЗР. И додека СДС замижувале за време на овој криминал во Државната Лотарија немало внатрешен ревизор. Дали СДС за опстанок на власт замижал пред криминалот во Лотарија вреден близу 1 милион евра? Колку пари завршиле во џебовите на Груби и Бајрами? ЈО да отвoри постапка и да истражи каде завршиле 1 милион евра? Со молкот од СДС се отвoра сомнеж дека се соучесници во криминалот во Лотарија само за да се одржи коалицискиот мир и да се остане ден повеќе на власт.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Успешно евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток
-

Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Почнува реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје
-

Собранието треба да го одржи продолжението на 92. пленарна седница
-

Трамп за Иран: Победивме, но не сакаме да си одиме предвреме
-

Пет бродови нападнати во Персискиот Залив и Ормускиот Теснец
-

Почина Кирил Поп Христов – Кили
