ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со ниту едно манипулативно соопштение не може да го покрие фактот дека безобразно газат по волјата на граѓаните изразена на избори
СДСМ со ниту едно манипулативно соопштение не може да го покрие фактот дека безобразно газат по волјата на граѓаните изразена на избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
На изборите на 11-ти декември гласаше народот во Македонија. Мнозинството од 1.191.852 граѓани кои гласаа на изборите, ја поддржаа програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Својот глас за ВМРО-ДПМНЕ го дадоа 455.000 граѓани, а СДС освои 436.000 гласови. Тоа јасно говори дека СДС е поразена од народот.
Нивната програма не ја доби поддршката од граѓаните и покрај помошта од нарко-мафијашките структури и соросовиот НВО-вандалски сектор.
Граѓаните ја препознаа деструктивноста на СДС. Сега граѓаните кристално јасно гледаат дека СДС е подготвено своето деструктивно сценарио да го спроведе на сила, газејќи Устав, закони, национални и државни интереси.
Тоа го прават од една единствена причина. Заев и криминогеното раководство на СДС се заглавени во криминал до гуша. Затоа СДС ги прифатија сите уцени и затоа се подготвени да ја прифатат Тиранската Платформа до последна точка. Мислат дека на тој начин ќе се спасат од одговорност за криминалот и незаконското богатење. Покажаа дека се подготвени во очи да го излажат својот народ. Затоа со постизборни манипулации прават коалиции спротивни на волјата на мнозинството Македонци.
Јавноста виде дека сите манипулации на СДС се провидни. Веќе на сите им е јасно дека СДС ќе погази се само да се добере до власт. Тоа го видовме и во изминатиот период кога СДС со молчење ги одобри изјавите на Рама, Бушати, Дода и Села во кои се негира македонскиот идентитет и се задира во државноста, суверенитетот и унитарноста на Македонија.
Затоа народот е загрижен.
Затоа народот се буди!
Затоа Македонија е на нозе!
Ново на Сител
-
Приведено момче од Тремник, со остар предмет нападнал неготинец
-
Николовски-Лугалиу: Заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце - Елез Хан
-
ЦУК: Седум пожари на отворено во последното деноноќие, се уште не е пронајдено исчезнатото повозрасно лице од село Степанци
-
Леброн Џејмс ја прекина неверојатната серија која траеше 20 години
-
ФЕИТ ги отвори вратите за идните студенти
-
Волкановски го врати УФЦ појасот и го собори рекордот во „перо“ категорија
-
Заедничка вечера на шефовите на дипломатиите од ЕУ и Западниот Балкан во Луксембург
-
Муцунски со бројни билатерални средби на маргините на Анталија Дипломатскиот форум