ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со нови лаги и манипулации за прикривање на аферите
Секогаш кога СДСМ се фатени во криминал до гуша, од ракав ја вадат истата стратегија - бегање од одговорност и нови лаги и манипулации за прикривање на аферите, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
- Наместо да одговори на крајно сериозните обвинувања за случајот „Фабрика за афери“, Спасовски денеска одлучи да настапи како портпарол на Катица Јанева, потврдувајќи ги сите сомнежи кои медиумите деновиве ги објавуваа за поврзаност и координираност меѓу Специјалното јавно обвинителство и СДСМ, се наведува во соопштението.
Спасовски, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, и должи на јавноста одговори на многу прашања.
- Зошто Оливер Спасовски е на сликите заедно со криминалците кои работеле во „Фабриката за афери“ на СДСМ? За што разговарал Спасовски со Захир Бекири Чауш и Аднан Сума, прво и трето осомничени во „Фабриката за афери“ на СДСМ? Дали како генерален секретар, Спасовски договорил сопругата на Чауш да биде вработена во партиската фирма Паркинзи на општина Центар од страна на претседателот на ОО на СДСМ, Саша Богдановиќ? Зошто Спасовски бараше истрагата да не се одвива брзо и дали вечерта при приведувањето контактирал со осомничените? Зошто Спасовски барал увид во доказниот материјал?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
И денешната прес-конференција на Оливер Спасовски, според ВМРО-ДПМНЕ, беше алиби изјава во стилот злосторникот на местото на злосторот.
- Коалицијата на Чаушот и Заев која јавноста ја виде потврдува дека СДСМ соработува со криминална групација, што ги прави еднаква на нив. Целата агенда на СДСМ е еден голем фалсификат. Тие не нудат проекти, програми и мерки, туку нудат фалсификати, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, постојат сериозни индиции дека СДСМ учествувале во фабрикување на афери исто како што постојат сериозни информации и основи за сомнение дека нелегално прибавени телефонски разговори од граѓаните ги дале на криминалци со тапија.
Ново на Сител
-
Муцунски и Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Промоција на видео „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!”
-
Трамп го номинираше Шон Дафи за министер за транспорт
-
Си: Вештачката интелигенција не смее да биде игра на богатите земји и луѓе
-
Масовниот убиец Андреас Брејвик повторно бара предвремено пуштање од затвор
-
Утрото студено, преку ден променливо облачно
-
Сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива по една коловозна лента
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти