ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во континуитет ги лаже и манипулира граѓаните

СДСМ во континуитет ги лаже и манипулира граѓаните. Заев може да ветува се, а знаеме дека реализацијата на тие ветувања е еднаква на нула.
СДСМ вети 500 евра просечна плата, граѓаните не добија. Заев вети дека лекарите ќе земаат 100.000 денари плата, но за жал ветувањето не се исполни и сега се повеќе лекарите си заминуваат од Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ го поддржува секое зголемување на платите на работниците кое што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија.
Да потсетиме дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ склучи колективен договор со кој што се предвидуваше динамично зголемување на платите од 25 проценти. Оваа влада е три години на власт и немаше никакво зголемување. Зошто сега се отфрлаат тие 25 проценти и се прифаќаат сукцесивно само првично по 10 проценти зголемување треба да одговори власта која што е во заминување.
ВМРО-ДПМНЕ ветува дека даде максимумот за да им се помогне на работниците затоа што тие заслужуваат многу повеќе.
Денот на обнова на Република Македонија се наближува. Македонија и македонските граѓани заслужуваат чесна влада кој ќе се грижи за нив и која ќе ја врати земјата на брза лента во ЕУ интеграциите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
