ВМРО-ДПМНЕ: Секоја „реформа“ на СДСМ веќе е задоцнета

Избори се ближат, СДСМ се расфрла со проекти. СДСМ четири години не помисли на граѓаните ниту еднаш, освен за своите џебови. Евтиниот ПР веќе не поминува кај граѓаните.
Секоја „реформа“ на СДСМ веќе е задоцнета.
Очигледно е дека СДСМ и власта мислат само на партискиот рејтинг, па глумејќи нормалност го жртвуваат образовниот процес, но и здравјето на децата и граѓаните.
Минатата учебна година започна еден месец подоцна.
Огромен број ученици, особено оние од ранливите категории останаа без технолошки средства за далечинско учење.
ВМРО-ДПМНЕ подолг период предупредуваше дека се неопходни препораки и образование на родителите на децата со попреченост. Вниманието кое требаше ним да им се посвети не смееше да се прекине, затоа што тие всушност имаа најголема потреба од континуиран напредок.
Најголем дел од учениците со попреченост поради неодговорноста на Царовска и Заев останаа без стручна помош, само на грбот на родителите.
Граѓаните не забораваат на катастрофалните грешки на Царовска и Заев.
Време е за одговорни политики. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
