ВМРО-ДПМНЕ: Сите активности во Собранието се во консултација со граѓаните

Собранието фунционираше со целиот свој уставен капацитет и без присуството на СДСМ, а ќе продолжи да функционира со истиот капацитет и сега кога СДСМ одлучи да се врати, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Лидија Димова.
- Единствена разлика е што сега, барем се надеваме, дека пратениците од СДСМ ќе почнат да си ги заработуваат своите плати. Во минатите 15 месеци донесени се голем број законските решенија кои беа во директен интерес на граѓаните и на многу засегнати групи, стои во соопштението.
Сите досегашни активности, како што се наведува, беа правени во дослух со потребите и барањата на граѓаните, кои беа консултирани директно на терен или преку организирање јавни расправи. - Додека Димова и нејзините колеги од СДСМ не работеа, во тој период пратениците од ВМРО-ДПМНЕ остварија над 20.000 директни лични средби со граѓаните, се посочува во соопштението.
Во Собранието беа организирани и десетина јавни расправи. Само минатата недела се организираше јавна расправа во која учество зедоа над 40 невладини организации и граѓански здруженија.
- За Лидија Димова очигледно невладини организации се само оние десетина соросови инсталации кои земаат милиони евра годишно да водат партиска агенда на СДСМ. Впрочем и самата Димова беше дел од овие инсталации и земаше дебели хонорари, за потоа преку ноќ да се регрутира во партиските органи на СДСМ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Трамп: Ниту една нација во светот не може да го постигне она што Америка го постигна вчера
-

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија
-

Каде е македонскиот студент на мапа? | Ангела Василевска и Александар Николовски | Sitel Podcast 133
-

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер
-

Пронајден е починат исчезнатиот Македонец Стивен Ивановски
-

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите
-

Приведен 34-годишник од тетовско, со остар предмет му се заканувал на градоначалникот на Желино
-

УЈП: Во 2025 година во националниот буџет собрани над четири милијарди евра од даноци и социјални придонеси
