ВМРО-ДПМНЕ: Скопје е до гуша во долгови и единствени виновни за тоа се Шилегов и СДСМ
Расипникот Шилегов и СДСМ оставија долг од 160 милиони евра на Град Скопје.
Градот е до гуша во долгови, и затоа единствено виновен е Шилегов и СДСМ. Само по основ на идни обврска по склучени договори како доспоени и недоспеани обврски има 58.140.165 евра.
Договорите кои ги склучил Шилегов не се единствениот проблем. Дополнително отпочнал постапки за склучување на договори по јавни набавки во висина од 11.377.052 евра.
Раскалашеноста на Шилегов и СДСМ се гледа и по 7 договори за заем во висина од 32 милиони евра.
Вкупно по сите основи Шилегов на градот му оставил давачки во висина од 158.196.797 евра.
Дополнително покрај сите овие долгови, Шилегов ги потрошил и парите од продажбата на градската куќа, за кои уште не знаеме каде завршиле. Шилегов и СДСМ не работеле за скопјани, туку за неколку приватни џебови.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање