ВМРО-ДПМНЕ: Со месеци СДСМ создава лажна сила за спорните гласачи
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оцени дека СДСМ со месеци создава лажна слика во јавноста дека имало огромен број на таканаречени фантомски гласачи.
- Во текот на вчерашниот ден СДСМ вршеше терор врз ДИК, користејќи ги сите средства и манипулации, во обид да издејствува што повисока бројка на граѓани да биде предмет на проверка, да не случајно некој од нив се покаже како фантомски гласач. Обидот е всушност таканаречено меко приземјување. Од 500 илјади, колку што лажеа тие и нивните медиуми, нивната битка во текот на вчерашниот ден се сведе на обид барем да се проверат 150 или 160 илјади. Се со цел за да не биде одеднаш, од 500 илјади да паднат на 5000 проверки, па одлагањето на изборите на 24ти април да ја изгуби својата смисла, и да се види големата лага и манипулација што ја правеа веќе две години во земјата, се вели во соопштението.
Партијата посочува дека проверката не значи дека некој е фантомски гласач или дека некој направил некоја неправилност.
- После неа СДСМ ќе ја има најтешката задача кога ќе се обелодени дека фантомски гласачи всушност воопшто немало, наведува ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека опозицијата ако сака може да ги провери сите гласачи, но најважно е да одат на избори.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса