Македонија
15. January 2017 - 18:27

ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со грипот е во надлежност на епидемиолозите, а не на политичките партии

Следењето на грипот како заразно заболување и преземање мерки за  спречување на негово ширење е во надлежност на стручните лица - епидемиолози, а не во надлежност на политичките партии, наведува ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на денешните обвинувања од СДСМ дека власта направила ситемски пропусти околу превенцијата од грип.

- Грип во Македонија во овој период имало и ќе има, а значајно е што надлежните институции навремено ги превземаат соодветните активности. Ги упатуваме граѓаните да ги следат инструкциите на надлежните и нивните матични лекари, а не политикантството и надрилекарството на СДСМ. Апсурноста на СДСМ со оваа изјава го достигна врвот. Не би не зачудило ако утре Зоран Заев и СДСМ презентираат проект дека ќе го укинат или забранат грипот, вирозите и настинките во Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.