ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со грипот е во надлежност на епидемиолозите, а не на политичките партии
Следењето на грипот како заразно заболување и преземање мерки за спречување на негово ширење е во надлежност на стручните лица - епидемиолози, а не во надлежност на политичките партии, наведува ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на денешните обвинувања од СДСМ дека власта направила ситемски пропусти околу превенцијата од грип.
- Грип во Македонија во овој период имало и ќе има, а значајно е што надлежните институции навремено ги превземаат соодветните активности. Ги упатуваме граѓаните да ги следат инструкциите на надлежните и нивните матични лекари, а не политикантството и надрилекарството на СДСМ. Апсурноста на СДСМ со оваа изјава го достигна врвот. Не би не зачудило ако утре Зоран Заев и СДСМ презентираат проект дека ќе го укинат или забранат грипот, вирозите и настинките во Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот