ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да се извини доколку знаел дека нема криминал со формуларите за возачките дозволи

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара одговор од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали се точни наводите на медиумите дека уште пред да објави на прес-конференција дека биле пронајдени 70.000 формулари за возачки дозволи и била спречена злоупотреба на македонски идентитети тој бил информиран од германската компанија уште во декември, со целосно појаснување на случајот и дека двете страни се согласиле оти не станува збор за криминал.
- Доколку овие наводи се точни, на медиумите, дека тој е фатен во лага, тогаш треба веднаш да излезе и да се извини за скандалот понесувајќи ја одговорноста. Најпрво, треба да им се извини на сите вработени во МВР кои неосновано ги обвинуваше. Потоа да им се извини на германските партнери чиј углед и репутација ги загрози со своите изјави, а пред се да им се извини на граѓаните затоа што преку урнисување на кредибилитетот на Министерството за внатрешни работи, го урива и нашиот кредибилитет, на Република Македонија, рече на денешната прес-конфренција Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ.
Дали, праша Саздов, лагите на Оливер Спасовски се причина за неговиот молк околу мотивот на германската компанија да се вклучи во меѓународен криминал со печатење на македонски возачки дозволи и дали од истата причина тој не одговори и по чија наредба постапувала компанијата и какви кривични пријави и против кого се поднесени од негова страна.
- Германските авторитети и на своја кожа добија можност да се уверат како во пракса функционира Фабриката за афери на СДСМ. Германија можеше одблизу да види колку неморално и бескрупулозно се однесува раководството на СДСМ кога треба некој да биде нападнат или оцрнет од теснопартиски интереси, без оглед на штетата која се нанесува на угледот на Република Македонија, истакна Саздови додаде дека молкот на Оливер Спасовски значи дека, членот на СДСМ, Захир Бекири Чауш не е единствениот во Фабриката за афери.
- Технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски е фатен во лага од медиумите и го посрамоти и МВР и Република Македонија. Крајно недостоинствено, Оливер Спасовски како неговиот сопартиец Чауш се обиде да фабрикува афера измислувајќи меѓународен криминал со македонските возачки дозволи, истакна Саздов.
Додаде дека Спасовски на прес-конференција на 14 јануари најавил дека ќе обелодени „нови злоупотреби на лични документи, што можеби се користат и за други намени во државата или надвор“.
- Оливер Спасовски тогаш ја вознемири македонската јавност, фалејќи се дека спречил злоупотреба на македонски идентитети. Инсинуираше дека 70.000 формулари би гарантирале повеќе милиони евра нелегален прилив од нелегално издадени документи. По само девет дена технички назначениот министер од СДСМ доби жестока реакција за неговата манипулација, потенцира на прес-конференцијата Саздов.
Ново на Сител
-

Вучиќ бил подготвен да употреби сила за да ја задржи власта - телефонски повици го натерале да се повлече
-

Облачно со услови за утринска магла
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
