ВМРО-ДПМНЕ: Студентите веќе знаат дека СДСМ нема капацитет да го реализира тоа што го ветуваше

СДСМ заедно со СДММ студентскиот стандард го доведоа до питачки стап.
Се ближат избори, СДСМ го вклучува мегафонот на лажни ветувања и украдени проекти.
Субвенционирањето на студентски оброк како решение во закон е донесено со консензус на сите политички партии уште во 2020-тата година, но поради неспособноста на оваа криминална власт не заживеа.
СДСМ во предизборието ветуваше се и сешто на студентите но ништо не исполни. СДСМ откако дојде на власт заборави на ветувањето за студентски град. Студентски град нема се уште во Скопје, Штип, Тетово и Битола.
Студентите не добија ниту зголемен опфат на стипендиите. Единствено СДСМ кога дојде на власт го укина и бесплатниот воз на студентите.
Студентите веќе знаат дека СДСМ нема капацитет да го реализира тоа што го ветуваше.
Време е да се да стави крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
-

Дневната програма на „Виноскоп“ одложена за утре поради врнежи
-

Владата на Тајван по предупредувањето од Трамп: Островот е независна нација
-

САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година
-

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
