ВМРО-ДПМНЕ: Таканаречениот брз превоз на Шилегов нема да биде брз, и ќе го уништи зеленилото на булеварите
Мрзеливиот Петре Шилегов, а зине, лаже. Проектот БРТ е неадекватен за мал град како Скопје, тоа е превоз кој се користи во градови како Истанбул, каде растојанието од еден до друг крај на градот е околу 150 километри, а постојките се на минимум еден километар растојание, а просторот каде поминува е ограден и на секоја автобуска станица има пешачки натпатник за поминување на двете страни.
БРТ во Скопје удира по безбедноста на градот по повеќе нивоа.
1. БРТ минува по средишното зеленило на булеварот Партизански одреди, каде што на два метри длабочина се наоѓа главната водоводна цевка за градот која е со големина Ф 1600, дури и најмали осцилации при градба може да доведат до нејзино пукање, а последиците се огромни. Дополнително така поставен систем над истата значајно ќе оневозможи било каква брза интервенција на истата ако дојде до дефект.
2. БРТ ќе биде помеѓу трите коловозни ленти, што значи дека и постојките ќе бидат помеѓу трите коловозни ленти, а со тоа патниците кои ќе се симнуваат или качуваат во БРТ ќе треба да поминуваат булевари, со што значајно ќе се зголеми метежот, но и опасноста по нив.
БРТ ќе ги исклучи од движење автобуските линии каде што ќе сообраќа истиот, тоа дополнително ќе предизвика преопторување и метеж од невидени размери. Исто така патниците ќе мораат од Сарај до Бит Пазар да се прекачуваат два пати.
Мрзеливиот Шилегов целосно ќе го упропасти системот на автобуски линии, кои што се градени 60 – 70 години согласно потребите на граѓаните од сите скопски општини и приградски населби.
Мрзеливиот Шилегов ќе направи вистински хаос, а последиците ќе бидат огромни.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
-

Поскапуваат дизел горивата
-

Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена
-

Кумановец сакал да откупи крипто валути, останал без 43.750 евра
-

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
