ВМРО-ДПМНЕ: Тврдењето за долг од 363 милиони евра е невешт обид да се дефокусира јавноста
ВМРО-ДПМНЕ како невешт обид да се дефокусира јавноста ја оценува вчерашната прес-конференција на министерот за финасии Драган Тевдовски на која рече дека неплатените скриени обврски на државните институции заклучно со 31 мај годинава изнесуваат 363 милиони евра.
- Министерот за финансии Тевдовски за 40-тина дена само по основ на аукции на државни хартии од вредност ја задолжи државата за речиси 4,5 милијарда денари, а вчера на прес-конференција изнесе куп манипулации и невистинити бројки околу наводен скриен долг, рече Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Според неа, тоа бил само невешт обид да се дефокусира јавноста од погрешните политики што ги прави неговиот лидер. - Во објавените податоци намерно или од незнаење се презентирани збирно податоците за локалната и централната власт, во услови кога на сите им е јасно дека постои поделба на локална, централна и судска власт. Со ова Тевдовски срамно се обиде да ги припише на ВМРО-ДПМНЕ долговите кои ги правел неговиот сопартиец Александар Петревски, како поранешен градоначалник Охрид, посочи Гелова Стојанова.
Од вкупно објавениот износ за наводниот скриен долг, нагласи, само 180 милиони се однесуваат на централната власт.
- Тевдовски и СДС не кажуваат дека овој долг од 180 милиони евра на централната власт е всушност обврски по основ на повеќегодишни јавни набавки, податок што редовно постои и се ажурира во Министерството за финансии. Притоа економските оператори доброволно се пријавувале на објавените повици за тендери и ги прифаќале тендерските услови, така што повторно не може да стане збор за скриен долг. Тоа значи дека се работи за средства кои согласно динамиката државата ги исплаќала и треба да продолжи да го прави, посочи Гелова Стојанова.
Ново на Сител
-
Руската ПВО утринава соборила 70 украински дронови, од кои половината летале кон Москва
-
Јаневска: Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува
-
Демонстрации во Тел Авив и нов повик за ослободување на заложниците, на 400-от ден од нападот на Хамас
-
Најмалку 20 загинати во израелски напад на шиитскиот град Алмати, северно од Бејрут
-
Од утре променливо облачно и постудено време, на повисоките планини снег
-
Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар-живиот симбол на соживот
-
Приведени двајца бегалци од затвор
-
Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје