Македонија
11. November 2021 - 9:10

ВМРО-ДПМНЕ: Упадот на финансиска полиција во домот на пратеникот Јаулески значи дека режимот на Заев е очаен

Тоа што во домот на пратеникот Јован Јаулески утрово, упадна финанасова полиција и МВР на Спасовски на денот на гласање за доверба на влада, значи само дека режимот на Зоран Заев е очаен, во распаѓање и не одбира средства за притисоци и уцени врз пратениците.

Таквите методи својствени за Чаушеско ќе бидат жестоко поразени.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ново на Сител