ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањето на СДСМ за чист воздух е голема измама, се губат човечки животи а владата не превзема ништо

Зоран Заев и Садула Дураку им порачаа на македонските граѓани дека ќе продолжат да се трујат од загадениот воздух бидејќи Македонија не била Швајцарија. Понижувачко оправдување на неспособна и криминогена власт.
Знаат граѓаните дека Македонија не е Швајцарија бидејќи во Швајцарија не се делат милиони на лубриканти додека 460.000 луѓе се под прагот на сиромаштија и имаат проблем да си купат леб.
Знаат граѓаните дека Македонија не е Швајцарија бидејќи претседателот на владата таму не барал по едно евро од квадрат за црквата и евро за неговиот брат.
Знаат граѓаните дека Македонија не е Швајцарија бидејќи таму нема криминални тендери, нема субвенции за иновации за снаи на советнички, ниту концесии со марихуана за премиерот.
Швајцарија не го продава името, како што вицепремиер во Македонија си ја продава фирмата на грчкото електростопанство. СДСМ и Зоран Заев се скоро две години на власт во Република Македонија.
Во овие две години власт Зоран Заев мисли само на партиски вработувања, криминални тендери, купувања на фирми и гоштевање на неговите министри и ниту еден проект за доброто на граѓаните.
На Шилегов полна му беше устата со ветувања за почисто Скопје, а една година со прст не мрдна да преземе соодветни мерки против загадувањето на Скопје.
Како последица на рекордното загадување во Скопје и во другите градови во пораст е бројот на лица со малигни заболувања. Во пораст се и другите заболувања кои се резултат на негрижата на локалните власти.
Додека карциномот тивко ги убива граѓаните, Шилегов и СДСМ немаат никаков план и не преземаат никакви мерки за загадувањето. Тие се одговорни што свесно ги оставаат граѓаните секојдневно да се гушат.
Ветувањето на СДСМ за чист воздух е голема измама, се губат човечки животи а владата не превзема ништо.
Граѓаните секој ден слушаат само бајати теми, а владата на СДСМ не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.
Зоран Заев, Садула Дураку и Петре Шилегов или да ги засукаат ракавите или да си заминат и целосно да се посветат на криминал, а да остават некој сериозно да преземе мерки за подобрување на животот на граѓаните.
СДСМ директно е виновен затоа што секој ден се губат човечки животи поради енормното загадување.
Ново на Сител
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција, се што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено
-

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов
-

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен
-

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
